Френк Лампард изненадувачки е еден од кандидатите за нов селектор на фудбалската репрезентација на Канада, пренесува „Телеграф“.
Канадската фудбалска федерација наводно го ставила Лампард на потесниот список на потенцијални кандидати да ја предводат репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година, каде што Канада е еден од домаќините, заедно со САД и Мексико.
Лампард откако се повлече од функцијата привремен менаџер на Челзи на крајот од минатата сезона, засега е без ангажман. Канадската федерација се подготвува за првични разговори со него. Лампард секако сака да се врати на работа, но прашање е колку би бил заинтересиран за слекторското место во Канада.
Канада во моментов нема селектор.