Шкупи: Им се извинуваме на навивачите за поразот во Штип

926

Шкупи денеска загуби на гостувањето во Штип кај Брегалница со 1-0, и направи чекор назад во битката за титулата па од тука клубот им се извини на своите навивачи за овој кикс.

Добро за нив е што загуби и Струга ТЛ од Вардар, а Шкендија одигра само нерешено, па чаирскиот тим и натаму е во трката за титулата.

„Им се извинуваме на сите навивачи и поддржувачи на Шкупи за денешниот пораз. Вината за овој пораз е наша, стручниот штаб, играчите, и на секој од нас. Се извинуваме што не ви дадовме да уживате во победа пред нашиот голем празник Бајрам“, стои во соопштението на чаирскиот тим.

ПретходноДаниел Малдини: Точно е дека ме викнаа да играм за Венецуела
СледноЈувентус трет пат по ред ја победува Фиорентина со 1:0