Јувентус славеше победа со 1:0 против Фиорентина на свој терен и тоа е трет пат по ред „Старата дама“ да го совладува овој ривал со тој резултат.
Стрелец на голот за нови три бода за Јувентус беше младиот дефанзивен играч за врска Федерико Гати во 21 минута. Инаку десет минути подоцна Душан Влаховиќ постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Фиорентина можеше да изедначи во 41 минута кога по шутот на Бираги топката „профуче“ покрај стативата. Во 74 минута но ударот на Николас Гонзалез го одбрани Шчесни.
Резултатот остана до крај, па Јувентус сега е трети со 62 бода, а Фиорентина е на 10-тото место со 43 бода.