Победата на Вардар над Струга ТЛ е 500-та за „црвено-црните“ во Првата македонска фудбалска лига. Голот на Ѓуриќ ја донесе победата над актуелниот првак. Освен тоа Вардар им соопшти на своите фанови дека наскоро ќе се врати на Националната арена „Тодор Проески“.