Џанлука Манчини би можел да биде суспендиран на најмалку еден меч, поради славењето по победата во градското дерби против Лацио. По мечот, дефанзивецот на „волчицата“ победата ја прослави со навивачите, веејќи знаме во боите на Лацио со голем стаорец на него. Тој подоцна се извини за гестот.
„Не сакав никого да навредам, го зедов првото знаме што ми беше дадено. Се извинувам“, изјави Манчини.
Доколку судијата ја вклучи оваа точка во протоколот, фудбалерот може да се соочи со исклучување од еден натпревар или парична казна. Италијанската фудбалска федерација веќе покрена истрага.
After Roma’s win over Lazio, Gianluca Mancini unfurled a flag which had a rat instead of Lazio’s logo 🤣pic.twitter.com/kwzCsGYRLK
— Get Italian Football News (@_GIFN) April 7, 2024