Галатасарај слави трофеј по само три одиграни минути во финалето на Суперкупот

3366

Екипата на Галатасарај е освојувач на трофејот од Суперкупот на Турција. Тоа е најбрзиот освоен трофеј затоа што на теренот поминаа само три минути! Причината е што противничкиот табор, екипата на Фенербахче го бојкориташе финалето. На теренот испрати фудбалери под 19 години и со тоа легално го бојкотираше натпреварот.
Тоа е против правилата на турската Суперлига, па судијата означи крај и трофејот замина кај Галатасарај.

Од Фенербахче се лути на раководните луѓе на турскиот фудбал затоа што не го презакажаа Суперкупот за друг датум за да им остават време за подготовка за четвртфиналниот дуел со Олимпијакос.

ПретходноТотенхем со победата над Нотингем влезе во Топ 4
СледноМукаетов, безрезервно веруваше во ракометарките: Со срце за Македонија!