Рафаел Надал ги потврди најавите на шпанскиот печат и се повлече од турнирот во Монте Карло неколку дена пред почетокот на истиот. Тој објасни дека се уште не е подготвен да се натпреварува на највисоко ниво и нема да биде дел од Мастерсот.
„Телото не ми дозволува да играм. Тешко ми е, тешко ми беше околу година и пол. Секој ден се трудам да решам се, но реалноста е дека во овој момент не сум во позиција да се натпреварувам. Тешко е“, изјави Надал.
Ролан Гарос се ближи, а веќе се шпекулира дека можеби Надал ќе го пропушти омилениот турнир.