ПМФЛ: Вардар на мегдан со шампионот, Работнички и Брегалница со нови тренери по бодови со Воска и Шкупи

235

Попладнево од 15 часот се играат пет средби од 26.коло во ПМФЛ. Вчера на отворањето на оваа прволигашка рунда Силекс и Гостивар одиграа без голови.

Јасно е дека дербито денеска се игра на Маџари. Вардар до дочекува шампинот, се очекува уште еднаш убава атмосфера.

Вардарецот Михаил Бришки во пресрет на мечот со Струга ТЛ изјави:

Играме против шампионот на Македонија, незгоден противник против кого ќе ни биде потребна поддршка од целиот стадион. Вардар како и на секој натпревар и на овој ќе се бори за победа, а верувам дека нашите навивачи, со својата поддршка, дополнително ќе влијаат во остварување на нашата цел“ истакна Бришки.

Работнички и Брегалница изминатава недела ги сменија своите тренери, па така сега со Горан Станиќ и Трајче Сенев на клупите се надеваат дека ќе можат да дојдат до бодови против Воска на гости, и против Шкупи дома.

Тиквеш ја дочекува Брера, додека Шкендија и гостува на Македонија ЃП во Ѓорче, во меч на кој и на двете екипи трите бода им се од екстремна важност.

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Тиквеш – Брера

Македонија ЃП – Шкендија

Брегалница – Шкупи

Вардар – Струга ТЛ

Воска – Работнички

ВЧЕРА

Силекс – Гостивар 0:0

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 54, Шкупи 51, Шкендија 48, Силекс 37, Гостивар 33, Брера 30, Работнички 27, Воска 27, Вардар 26, Македонија ЃП 24, Брегалница 22..бодови

ПретходноМакедонските ракометарки со интересна порака пред мечот со Литванија (ВИДЕО)
СледноНовак Ѓоковиќ го обори рекордот на Федерер