Попладнево се одиграа пет средби од 26.коло во ПМФЛ. Најинтересно беше на дербито на Маџари, каде Вардар со 1:0
Добар, одличен Вардар, посебно во второто полувреме кога домашниот состав апсолутно го надигра шампионот. Вардар имаше три зицери, но Ќосевски бранеше како во транс, но не успеа во во 74.минута кога Ѓуриќ ја затресе неговата мрежа. Слабо издание на тимот на Шпетим Дуро, кој со ништо не покажа зошто е шампион.
Во 96.минута Гачевски спаси гол, по неколку секунди и Алтипармаковски спаси чист гол.
Брегалница под водство на новиот стратег Трајче Сенев, со голот на Пепи Ѓорѓиев успеа да го победи Шкупи со 1:0. Штипјани се враќаат во игра за опстанок.
Тиквеш убедлив со Брера и победа од 3:1. Уште еднаш кавадарчани покажаа дека се во супер форма. Со овие три бода Тиквеш и дефинитивно се чини дека го потврди опстанокот, ако имаше и причина за стравување за такво нешто.
Без победник во Охрид, Воска и Работнички одиграа 1:1. Ова значи дека Горан Станиќ, новиот стратег на Работнички тргна со реми.
Македонија ЃП одигра 1:1 со Шкендија, во меч кој беше интересен и меч кој тетовци загубија два златни бода.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 26.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 1:0
(Ѓорѓиев 8./)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1:1
(Жилберто 35./Красничи 23.)
ТИКВЕШ – БРЕРА 3:1
(Малески 19., Силва 35, Спахиу 69./Ристевски 33.)
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1:0
(Ѓуриќ 74./)
ВОСКА – РАБОТНИЧКИ 1:1
(Марушиќ 20./Стојановски 31.)
ВЧЕРА
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0:0