Челзи прими гол во 92. минута и остана без победа над „фенерџијата“

178

Екипата на Челзи во трилер завршница го совлада Манчестер Јунајтед во претходното коло, а денеска киксираше на гостувањето кај Шефилд Јунајтед. „Сините“ одиграа 2:2 на гостувањето на „Брамал лејн“ и покрај тоа што беа многу блиску до победата. Во 92. минута примија гол и останаа без два бода.
Инаку Челзи поведе во 11 минута со гол на Тијаго Силва, а изедначи Богл во 32 минута. Во 66 минута Челзи повторно го сврте резултатот во своја корист преку голот на Мадуеке. Се чинеше дека бодовите ќе заминат во Лондон, но во втората минута од судиското продолжение Мекберни (ГОЛОТ ОВДЕ) ја затресе мрежата на Петровиќ и домашните освоија бод.
Челзи на деветтото место и го впиша осмото реми, а Шефилд е последен со 16 бода.

ПретходноШтип УГД славеше дома и се избори за „мајсторка“ за финале
СледноЈувентус се договорил со Тијаго Мота!?