Интер доминантен на теренот во Удине во меч од 31 коло на Серија А и успеа да ги однесе бодовите благодарение на пресврт и гол во судиското продолжение (1:2).
Удинезе поведе во 40 минута со погодокот на Лазар Самарџиќ во 40 минута. На стартот на второто полувреме голот на Карлос Аугусто беше поништен поради офсајд, а веднаш потоа Хакан Чаланоглу со погодок од пенал го изедначи резултатот.
Пред пеналот претходеше фаул на Окоје од Удинезе над Марко Пичинини од Интер во казнениот простор.
Целосниот пресврт стигна во 95 минута преку Фратеси. Интер има 82 бода додека второпласираниот Милан 68.