Поранешниот француски напаѓач Тиери Анри освои речиси се во својата кариера. Со Франција беше светски и европски шампион (1998 и 2000), ја освои ЛШ со Барселона (2008/09). Меѓутоа жали што не успеал со Франција да учествува на Олимписките игри.
Франција не успеа да се квалификува за ОИ 2000 во Сиднеј, а беа поразени од Италија во доигрувањето за пласман во финалната рунда.
„Олимписките игри се едни од ретките работи кои не можев да ги доживеам во кариерата. Мојата генерација имаше шанса да учествува, но не се квалификува, затоа што не елиминира италијанскиот тим кој исто така имаше одлични играчи“, кажа Анри.
Сепак, некогашниот голгетер на Арсенал и Барселона ќе може да учествува на престојните ОИ во Париз со што ќе му се исполни сонот.
„Се уште жалам за тоа. Сепак, оваа година конечно ќе го исполнам сонот и ќе учествувам на Олимписките игри. Не како играч, туку како селектор на репрезентацијата. Лудо е што 24 години подоцна ќе ја имам оваа можност, да ја предводам селекцијата на олимпискиот турнир и ќе се бориме за трофејот“, додаде Французинот.
ЛОИ 2024 во Париз ќе се одржи од 24 јули до 10 август. На фудбалскиот турнир Франција е во група со САД и Нов Зеланд.