Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е оптимист во пресрет на утрешниот прв четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Лондончани се лидери во Премиер лигата.
„Навистина уживам во моментот бидејќи ова е местото каде што сакаме да бидеме. Навистина сме во добра позиција во лигата, но во добра позиција сме и во Лигата на шампионите. Пред нас е сериозна задача против една од најуспешните екипи во Европа. Тоа е пречка што треба да ја надминеме, но и со нетрпение ја очекуваме. Ваква можност не сме имале 15 години, па тоа кажува колку ни е посебна вечерта. Очекувам полн стадион, многу страст и емоции“, изјави Артета.
Младиот шпански стручњак ласкаво зборуваше за својот колега на чело на Баерн – Тмоас Тухел:
„Тие се врвна екипа. Јас сум голем обожавател на Томас Тухел. Начинот на кој се построени неговите тимови, како играат, како преминуваат од фаза во фаза. Научив многу од него и мислам дека тие се врвен тим.
Хари Кејн е исклучително доследен, погледнете ја неговата статистика во последните десет години, бројките се неверојатни. Може да постигне гол на многу начини, но ја добива и потребната поддршка околу себе за да настапи така. Околу него има уште десет играчи и ги знаеме нивните индивидуални квалитети, па мораме да настапиме на ниво за да ги спречиме. Кога ќе се погледне нивната историја на овој турнир, се е јасно. Фудбалот е многу конкурентна средина и тешко е да се биде доследен“.