Голужа ги смени Кастратовиќ и Грчевски во Кувајт, за помошник ќе има Македонец?

950

Славко Голужа, поранешен селектор на хрватската ракометна репрезентација и поранешен тренер на РК Загреб, има нова работа. Последниот тренерски ангажман на трофејниот поранешен репрезентативец беше на клупата на Загреб, каде што го отслужи третиот мандат од ноември 2022 до септември 2023 година, односно до раскинување на договорот со меѓусебен договор. Кариерата ќе ја продолжи во Кувајт.

Голужа ќе го предводи тимот на Ал Кадсија. Станува збор за тим кој на почетокот на оваа година беше предводен од Зоран Кастратовиќ и Кристијан Грчевски. Тој во својот стручен штаб ќе го има македонскиот тренер, Иван Марковски.

Голужа ќе го преземе тимот кој моментално е на средината на рангирањето на ракометниот шампионат на Кувајт.

ПретходноМакедонските ракометарки од третиот шешир ќе ја чекаат ждрепката за ЕП 2024
СледноКин и Невил повторно критички настроени кон Хаг: Сигурно испил неколку чаши вино по мечот!