Ете така се сака Вардар, така се сака најтрофејниот клуб во Македонија, кој оваа пролет игра добро и веројатно ќе обезбеди опстанок.
Како што информираат од ФК Вардар, неколку фанови на Вардар, познати наши естрадни уметници својот придонес за Вардар го дале со песна и спот:
“Ви го претставуваме спотот за песната ,,Гордоста на градот” кој од денес ќе може да се погледне на официјалниот youtube канал на клубот.
Песната е создадена со заеднички ангажман на членови на неколку музички бендови, кои на сопствен-оригинален начин, ја искажаа својата приврзаност кон Вардар и црвено-црните бои.
Во името на клубот се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во креирањето на песната и спотот.
Се надеваме дека ќе уживате!
И не заборавајте…во недела се гледаме на Градски