Додека во Скопје се славеше ЕП, Сара Ристовска со многу емоции го прослави новиот пехар со ЦСКА

1583

Најдобрата македонска репрезентативка, Сара Ристовска не беше во составот на нашиот национален тим за дуелот против Литванија, последен од квалификациите. Во договор со стручниот штаб и фактот дека домашниот меч резултатски не значеше ништо околу пласманот за ЕП 2024, таа се врати во Москва.

Ристовска со нејзината ЦСКА играше во Купот на Русија, по драматично финале кое беше решено по изведување на пенали, славеа против Ростов Дон 30-29 и го подигнаа пехарот.

Нашата најдобра ракометарка постигна четири гола и беше најефикасна во својот тим заедно со Олга Акопјан. За Ристовска ова е последна сезона во дресот на ЦСКА, па токму затоа емоциите ја надвасаа нашата ракометарка.

За ЦСКА Москва ова беше трет Куп трофеј во својата клупска историја.

ПретходноБарселона го понижи синот на Роналдињо
СледноЖижовиќ и Шкупи во ден за одлука околу иднината