Младен Жижовиќ би можел да замине од клупата на Шкупи ако денеска на состанокот во клубот двете страни одлучат да ја прекинат соработката. Тимот од „Чаир“ има тенки резултати оваа пролет по кои екипата како да нема сили во борбата за титулата со Струга Трим Љум, а има и лоши 0:0 по првиот меч на домашен терен со Тиквеш од 1/2 финалето во Купот на Македонија.
Чашата кај „сините“ се прели вчера кога Шкупи загуби со 1:0 на гости кај Брегалница во Штип и со тоа се запали црвениот аларм. Следеше извинување на клубскиот сајт преку соопштение до навивачите, а конкретни потези се очекуваат денеска кога на маса тренерот Младен Жижовиќ ќе седне со главниот во клубот – Ајдин Олгун, кој се вреаќа од Истанбул. Турскиот газда не бил среќен од случувањата во екипата која во лудо сценарио може да остане и без настап на евро-сцената, а не дасе бори за титулата.
По поразот од Брегалница на големо се зборува дека Жижовиќ поднел оставка но и тоа дека за истата ќе се зборувало на маса со оние кои го спонзорираат клубот.
Затоа денешниот ден е ден за одлуки во Шкупи.