Оние што го следеа вчерашното мега – дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, сигурно забележаа дека Онана, голманот на Јунајтед во неколку наврати ставаше вазелин на ракавиците. Сите се прашуваа зошто го прави тоа, но подоцна дојде и објазнувањето.
Имено на Камерунецот му се потеле рацете под ракавиците и затоа тој ставал вазелин кој се впивал во нив и не дозволувал со тоа да му се потат рацете или прстите.
Тоа е образложението.
Дека ова успева доказ е и тоа што Онана вчера бранеше фантастично и дека успеа да одбрани неколку зицери на играчите на Ливерпул, иако прими два гола.