Инцидент во Кавадарци: Ивковиќ од Брера го нападнал Карчески па бил приведен во полиција!

3085

Бурно беше вчера во Кавадарци, посебно по мечот меѓу Тиквеш и Брера, кога се случил тежок инцидент. Имено гостинскиот фудбалер на Брера, Ивковиќ го нападнал домашниот играч Карчески, го фатил за врат, а потоа регарала полицијата и го привела српскиот фудбалер.

Еве што се вели во соопштението на МВР за овој инцидент:

На 07.04.2024 во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И.(28) од Република Србија. По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК Тиквеш 1930 од Кавадарци и ФК Брера од Струмица, одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, Ѓ.И. – играч на ФК Брера, физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп – играч на ГФК Тиквеш. По документирање на настанот против Ѓ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава“.

ПретходноОфицијално: Секулов во Јуве до 2027! (ФОТО)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 26.КОЛО: Шоу на Лемос против шампионот!