Хјустон водеше со 22 разлика против Далас, но тоа не беше доволно за победа во дербито на „Тексас“. Најзаслужен за тоа е Данте Егзум, кој во последната секунда од регуларниот дел од играта постигна тројка за 129:129 и со тоа обезбеди продолженија за својот тим. По ова Маверикс доби дополнителна енергија ма крилата на Ирвинг и Дончиќ победи со 147:136. Поради овој пораз, Хјустон и официјално ја загуби шансата да се најде во НБА плеј-офот.
Интересно е што ги уништи Егзум кој имаше посебна мотивација против нив. Го отпуштија во 2021 година откако во десетмесечна соработка му дадоа неколку краткорочни договори, кои го „примораа“ да замине во Европа. Таму во Барселона и особено Партизан ја подобри својата игра, па сега е се позначајна фигура во редовите на Далас, што се одразува и на клучната тројка.
🤯 Trojka Egzuma za produžetak protiv Hjustona! pic.twitter.com/lmEBowu41i
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) April 7, 2024
Егзум мечот го заврши со 14 поени и девет скока, но секако се знае кој е најзаслужен за камбекот. Кајри Ирвинг во последната четвртина играше како во транс и постигна 48 поени (имаше и седум скока), додека Лука Дончиќ беше „кус“ за трипл-дабл: 37 поени, 12 асистенции и девет скока.
KYRIE IRVING. 🥶
— Hoop Central (@TheHoopCentral) April 7, 2024
На друга страна, Дилон Брукс имаше 29 поени.
Далас – Хјустон 147:136
Л.А. Клиперс – Кливленд 120:118
Индијана – Мајами 117:115
Бостон – Портланд 124:107
Шарлот – Оклахома 118:121
Орландо – Чикаго 113:98
Феникс – Њу Орлеанс 105:113
Торонто – Вашингтон 130:122
Милвоки – Њујорк – 109:122
Сан Антонио – Филаделфија 126:133
Бруклин – Сакраменто 77:107
Голден Стејт – Јута 118:110
Л.А. Лејкерс – Минесота 117:127