Катерина Ацевска со три убедливи победи и пораз во финалето дојде до второто место и сребрениот медал на Европското првенство во џиу-џицу кое изминатиов викенд се одржа во Питешти, Романија.
Ова е втор медал од Европските првенства, после бронзениот од Франција. Позади неа останаа велесили како Франција, Португалија, Грција, Унгарија, како и уште 20 Држави што имаа пријавено борци на Еврското првенство.
Нашите останати членови Јаким Колевски, Антонио Стојчески и Данил Николиски и покрај храбрите и одлични борби не успеаа да дојдат до еден од медалите. Со оглед на сериозноста на турнирот собраа многу искуство што носи едно вакво Европско првенство.