Португалскиот стручњак Рубен Аморим може да биде нов тренер на Ливерпул на местото на Јирген Клоп кој објави дека по завршување на сезоната ќе го напушти „Енфилд“. Претходно Чаби Алонсо беше поврзуван со Ливерпул, но од тоа не излезе ништо, „Црвените“ се во потрага по нов стратег па меѓу кандидатите е Рубен Аморим.
Според португалскиот новинар Педро Сепулведа, кој ја трасираше информацијата, Ливерпул му понудил на Рубен Аморим тригодишен договор.
Сепак, во договорот на Аморим со Спортинг има ослободителна клаузула од 20 милиони евра за странски клубови. Но тоа не значи дека само за таа сума Аморим ќе биде слободен.
Од Спортинг соопштуваат дека ваква шанса тешко е да се одбие, па тие веруваат дека младиот тренер ќе го напушти Лисабон. Па можно е и за помала сума од околу 10 милиони евра да биде доволна за Аморим да го преземе тимот од Енфилд.
❗️Exclusive. @LFC offers Rúben Amorim a contract for the next three seasons. Financial terms are almost agreed. Negotiations remain positive for Amorim to become Liverpool’s next coach. ⏳ pic.twitter.com/7MVAgrfhJi
— Pedro Sepúlveda (@pedromsepulveda) April 8, 2024