Лука Дончиќ со еден потег ги „полуде“ Американците (ВИДЕО)

8714

Далас Маверикс синоќа во неверојатен натпревар по продолжението го победи Хјустон Рокетс со 147:136, а повторно главна тема на американската јавност е Лука Дончиќ, кој уште еднаш покажа за каков волшебник се работи.

Дончиќ беше на чекор од трипл-дабл учинок, кој мечот го заврши со 37 поени, 12 асистенции и девет скока и го доведе Далас до голем пресврт на крајот од натпреварот.

Сепак, еден потег особено се истакна и без двоумење го одбележа натпреварот. Во центарот на вниманието беа токму Дончиќ, но и Брукс, кој беше најдобар поединец во тимот на Хјустон.

При еден напад Дончиќ со неверојатна финта на телото го намами Брукс, кој целосно ја загуби рамнотежата, а Словенецот потоа постигна тројка на радост на навивачите и насмеано се врати во одбраната.

 

ПретходноТрајковски ќе мора да си бара нов клуб!?
СледноКатерина Ацевска со сребрен медал на Европското првенство во џиу-џицу