Македонските ракометарки од третиот шешир ќе ја чекаат ждрепката за ЕП 2024

215

Македонската женска ракометна репрезентација е пред седмото учество на Европските првенства. Нашите девојки ќе бидат дел од еврошампионатот кој ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Вчера беше комплетиран списокот од 24 репрезентации, кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи, првите две одат во следната рунда, останатите се пакуваат за дома.

Ова исчекување на официјалните шешири, Македонија треба да биде сместена во четвртиот шешир заедно со Словенија, Хрватска, Полска, Србија и најверојатно Чешка. Австрија која е домаќин, а дефинитивно ќе има дополнително рангирање за Исланд, Чешка и Украина. Една од тие три ќе оди во третиот, другите две во четвртиот шешир.

1. ШЕШИР: Норвешка, Данска, Ц. Гора, Франција, Шведска, Холандија
2. ШЕШИР: Германија, Шпанија, Унгарија, Романија, Швајцарија, Австрија
3. ШЕШИР: Словенија, Хрватска, Полска, Србија, Македонија, Чешка *
4. ШЕШИР: Украина *, Исланд*, Словачка, Турција, Ф. Острови, Португалија

Ждрепката е закажана за 18. овој месец, а според имињата на земјите кои обезбедија место на ЕП 2024, Македонија ја чека задача.

ПретходноФК Работнички: Нашиот тим е сериозно оштетен против Воска Спорт (ВИДЕО)
СледноГолужа ги смени Кастратовиќ и Грчевски во Кувајт, за помошник ќе има Македонец?