Македонецот кој игра за Италија, Никола Секулов (22) и официјално е награден од својот клуб со нов договор кој ќе биде со важност до 2027 година. Ова најтрофејниот клуб во Италија го соопшти на својот официјален сајт и социјални мрежи. Инаку Секулов пред неколку дена го имаше и своето деби во дресот на првиот тим на гигантот од Торино.
Да потсетиме дека до јануари Секулов беше на позајмица во Кремонезе, кога беше вратен во својот Јувентус. Фактот дека Јуве потпиша нов тригодишен договор со Македонецот, говори дека овој клуб смета на неговите услуги и во иднина.