Речиси се да беше готово, екс – тренерот на Челзи, Греам Потер доби понуда да го преземе Ајакс. Но, во меѓувреме Ајакс во мега – дербито загуби од Феенорд со 6:0 и тоа беше знак за Англичанецот добро да размисли и да му каже конечно – не на Ајакс.
Ова значи дека Потер и покрај тоа што година дена нема работа, откако доби отказ од Челзи, нема намера да прифаќа понуда од клуб во кој што во последно време владее вистински хаос.
Инаку како што денеска известуваат медиумите на Островот, во случај Ерик Тен Хаг да добие отказ, тогаш Потер ќе биде еден од кандидатите за тренер во Манчестер Јунајтед.