Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум во соработка со италијанската амбасада во Скопје донесе легенди на светскиот фудбал.
Првиот човек на главниот спонзор на македонскиот шампион, Трим Љум, Менди Ќира, заедно со претседателот на клубот, Арбтрим Ќира, подарија дресови на Струга Трим Љум на легендата на италијанскиот фудбал Џанлука Замброта, италијанскиот амбасадор Силвестри како и на сопругата на легендарниот Паоло Роси, Федерика Капелети.
Денес во Мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје беше отворена изложбата за животот и кариерата на Паоло Роси и за некои од легендите на меѓународниот фудбал.
На оваа изложба присутните можеа да го видат „Златната топка“ од 1982 доделена од списанието Франс Фудбал, „Златната копачка“ за најдобар стрелец од мундијалот во Шпанија 1982, „Златната топка“ за најдобар играч на мундијалот во Шпанија 1982, Дресот на Роси од финалето на Мундијалот во Шпанија 1982, како и копачките со кои го постигна хет-трикот на натпреварот против Бразил.
На изложбата се истакнати и дресови на поранешни легендарни фудбалери како Зидан, Веа, Роналдо, Пирло…
Предметната изложба ќе биде отворена до 21 април и ќе можете да се посети секој ден од 10:00 до 18:00 часот.