И тоа како знаат во Манчестер Сити што прават. Факт е дека Родри е клучниот играч на тимот на Пеп Гвардиола, па затоа сега имаат намера со Шпанецот да потпишат нов модифициран договор на шест години и тоа за двојно повеќе пари.
Родри во наредните шест години ќе биде платен 350.000 евра неделно и така се до 2030.
Преговорите меѓу Сити и Родри ќе започнат кога ќе заврши сезоната со цел да биде ставен фокусот на битката за титулите во Премиерлигата и Лигата на Шампионите.