ТИМ И ИГРАЧ НА 26.КОЛО: Шоу на Лемос против шампионот!

544

Матеус Лемос вчера имаше вистинско шоу против Струга ТЛ. Бразилецот го одигра најдобриот меч откако е во Вардар и покажа дека и тоа како знае да игра добар фудбал. Правеше вишок, асистираше, знаеше што треба во вистински момент и затоа според “СпортСпорт“ е играч на  26.коло во ПМФЛ.

Покрај него тука се и неговите соиграчи Ѓуриќ и Брдаровски, потоа Стевковски и Жилберто (Македонија ЃП), Лвалива, Маневски и Ѓорѓиев (Брегалница), Спахиу (Тиквеш), Красничи (Шкендија) и Стојановски (Работнички).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

 МАТЕУС ЛЕМОС

 Тим: Вардар

 Роден: 24.04.1997 во Бразил

 Кариера: Сан Хозе, Мауиа, Комерциал МС, Македонија ЃП, Вардар

 

ПретходноИнцидент во Кавадарци: Ивковиќ од Брера го нападнал Карчески па бил приведен во полиција!
СледноЛиверпул му понудил на Аморим тригодишна соработка!?