Трајковски ќе мора да си бара нов клуб!?

2341

Се чини дека нема крај на хаосот што се склучува во Хајдук. Од еуфорија до колапс. Ако до пред некој се беше бајковито во хрватскиот гигант, сега веќе не е така. Од денеска клубот од Сплит има нов претседател, односно претседателка а релевантните медиуми велат дека по завршување на сезоната тимот ќе претрпи тотална реконструкција.

Пишуваат и анализираат што ќе биде со нашиот репрезентативец Александар Трајковски. Херојот од Палермо, кој има договор со “билите“ до јуни следната година.

Се вели дека Хајдук не смета на Македонецот за сезоната 2024/25 и дека во мај-јуни ќе му се понуди раскин на договорот. Јасно е дека Трајковски речиси и да не доби адекватна шанса од стручниот штаб оваа сезона, и тоа што го доби беше минимална минитажа во која тој не можеше да ги покаже сите свои неспорни квалитети.

ПретходноКин и Невил повторно критички настроени кон Хаг: Сигурно испил неколку чаши вино по мечот!
СледноЛука Дончиќ со еден потег ги „полуде“ Американците (ВИДЕО)