Да се победи шампионот, да се освојат сите три бода против најквалитетниот состав во ПМФЛ, ама и да се надигра во целост, е тогаш нема дилеми кој е тренер на 26.коло според „СпортСпорт“.
А тоа е стратегот на Вардар, Горазд Михаилов, кој знае што прави и тоа како, кој во целост ја доби тренерската битка со Шпетим Дуро, а неговите момци, неговиот Вардар вчера ја одигра најдобрата партија во текот на оваа сезона.
Секоја чест за Трајче Сенев, кој со Брегалница уште на првиот меч како тренер на “сините“ славеше против Шкупи, сепак Михаилов без конкуренција е тренер на ова 26.коло.