Гвардиола: Не сум го гледал Реал Мадрид!

424

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека се уште немал шанса да ги гледа натпреварите на Реал Мадрид и не се подготвил за претстојната четвртфинална пресметка во Лигата на шампионите. Првата пресметка е закажана за утре на Сантијаго Бернабеу.

„Не сум ги гледал натпреварите на Реал Мадрид, едноставно немав време за тоа. Се бориме за титулата во Премиер лигата веќе девет или десет месеци и немам многу време да бидам деконцентриран. Не го направив тоа ниту сега“, призна Гвардиола.

Сити пред оваа средба запиша победа во Пример-лигата над Кристал Палас од 4-2.

ПретходноВееше знаме со боите на Лацио и голем стаорец, па сега очекува суспензија (ВИДЕО)
СледноКаква вечер: Дончиќ, Ирвинг и “екс-партизанецот“ со мега пресврт до победа (ВИДЕО)