Интер со гол во 95 минута ги однесе бодовите од Удине

202

Интер доминантен на теренот во Удине во меч од 31 коло на Серија А и успеа да ги однесе бодовите благодарение на пресврт и гол во судиското продолжение (1:2).
Удинезе поведе во 40 минута со погодокот на Лазар Самарџиќ во 40 минута. На стартот на второто полувреме голот на Карлос Аугусто беше поништен поради офсајд, а веднаш потоа Хакан Чаланоглу со погодок од пенал го изедначи резултатот.
Пред пеналот претходеше фаул на Окоје од Удинезе над Марко Пичинини од Интер во казнениот простор.
Целосниот пресврт стигна во 95 минута преку Фратеси. Интер има 82 бода додека второпласираниот Милан 68.

ПретходноАртета: Ваква можност чекаме 15 години
СледноСветскиот шампион со Италија од 2006 година доби дрес од Струга ТЛ