Ако Ливерпул сезонава, последна со Јирген Клоп како менаџер, не биде шампион, тогаш главната причина ќе биде двете ремија со Манчестер Јунајтед, на кои место 6 бода тимот од „Енфилд“ освои само два бода.
Вчера во спектакуларен меч на “Олд Трафорд“ беше 2:2, а есеноска на “Енфилд“ беше 0:0 меѓу овие два клуба, најголеми и најтрофејни во Англија.
Само ако се погледне статистиката тогаш ќе се види дека Ливерпул и тоа како има за што да жали, веројатно на Клоп му се плаче.
Имено на двата меча неговите фудбалери упатиле 62 удари а постигнале само два гола, тие вчера.
Ова навистина е неверојатно. Толку да си подобар од ривалот, просто играчки да го згазиш и на двата меча, а да не можеш да го победиш.
Фрапантно…
Манчестер Јунајтед упати кон голот на Ливерпул на двата меча само 15 удари и постигнал исто, 15 голови.