Како што и најавивме во саботата, во организација на Трим Лум и Италијанската амбасада во Скопје, денеска во мултимедијалниот центар “Мала станица“ беше отворена изложбата насловена како “Паоло Роси и легендите“. Фудбалските фанови во следните денови, до 24 април ќе можат да видат дресови, реквизити, потсетување на минатите славни денови во кариерите на најголемите светски играчи, а пред се на славниот Паоло Роси.
Изложбата беше отворена во присуство на премиерот на Р. Македонија, Талат Џафери, потоа првиот човек на Трим Лум, Менди Ќира, како и луѓето од Италијанската амабасада во Скопје. Тука беше и Џанлука Ѕамброта, некогашниот фудбалски ас на Јуве и репрезентацијата на Италија.