Првиот човек на Галата за бојкотот на Фенер: „Зарем не ви е жал за децата?“

1098

Фенербахче излезе со младинскиот тим во финалето на Суперкупот на Турција против Галатасарај. Останаа една минута на теренот и потоа се повлекоа. Галатасарај го освои трофејот со службена победа.

Претседателот на Галатасарај, Урсун Озбек зборуваше за одлуката на Фенербахче да ги пушти дечињата на овој меч и потоа веднаш да ги повлече.

Постојано велеа: Ќе излеземе со млади фудбалери, ќе го бојкотираме финалето, нема да играме… Тоа е лудо, на крајот на краевите тоа е само натпревар. Финале. Суперкуп на Турција.

На крајот едната страна е полна, другата празна. Зошто не се одигра мечот? Зошто ги пуштивте децата и ги повлековте? Зарем не ви е жал за нив? Тие деца се иднината на нашиот фудбал. Сон е да одиграат ваков голем меч. Зошто ги искористивте за ваква негативна кампања?“, изјави Озбек.

ПретходноАнри откри за што најмногу жали во кариерата, но 24 години подоцна ќе го исполни сонот
СледноЛабудовиќ по победата над Естонија: Одличната тимска игра беше клучот