Се намножнија проблеми: Баерн без Нојер, Сане, Павловиќ… оди во Лондон

196

Фудбалерите на Баерн Минхен го минуваат најтешкиот период во модерната клупска историја, а во вторник ќе се сретнат со Арсенал во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Лирој Сане, Кингсли Коман и Нусаир Мазрауи се надвор од терените извесно време и не се знае дали ќе бидат подготвени за мечот во вторник. Александар Павловиќ се уште отсуствува поради инфекција и сигурно нема да игра, додека Мануел Нојер веќе извесно време работи одвоено од тимот.

Коман се врати за дербито со Дортмунд минатиот викенд, но повторно го пропушти вчерашниот натпревар и не се знае дали ќе биде фит за мечот во Лондон. Сане во последно време имаше проблеми со коленото, исто така не играше во саботата, а денеска тренираше со резервниот тим.

Најголема грижа секако е капитенот Нојер, кој ги пропушти двата меча во април, како и претходните со германската репрезентација и веројатно ќе мора да стисне заби за да му помогне на тимот против Арсенал.

ПретходноКаква вечер: Дончиќ, Ирвинг и “екс-партизанецот“ со мега пресврт до победа (ВИДЕО)
СледноБарселона го понижи синот на Роналдињо