Вчера на Маџари нашиот шампион го одигра веројатно најслабиот меч под водство на Шпетим Дуро. Струга ТЛ беше надиграна, а загуби од Вардар со 0:1 само благодарение на својот голман Ведран Ќосевски кој правеше чуда на голот на стружани.
Секако дека Дуро не планираше вака да се одигра овој натпревар кој беше од голема важност за неговиот тим, со победаќе избегаше на +6 бода пред Шкупи и +7 пред Шкендија во битката за титулата, но поразот мораше да го прифати.
Дека не му беше сеедно на стратегот од Албанија, говори и една негова реакција во текот на мечот…како сакаше да каже:
“Зарем е можно мојот тим да игра вака слабо“…