Кафу: Требаше да одам во Јапонија, а завршив во Милан

566

Поранешниот бразилски бек Кафу, во пресрет на четвртфиналниот меч од ЛЕ помеѓу Милан и Рома, зборуваше за својата кариера во Рома и во Милан и како дошло до трансфер на „Сан Сиро“ по заминувањето од Рим. На прашањето зошто одлучил да премине од Рома во Милан, поранешниот светски шампион со Бразил одговори:
Затоа што се има почеток и крај. Рома беше искрена кон мене и ми рече дека планира промени и дека ќе се потпира на млади играчи. Ја прифатив таа одлука и одлучив на друго место да започнам ново искуство. Така потпишав договор со јапонскиот Јокохама. И токму тогаш ме повика соиграч од репрезентацијата и играч на Милан, Леонардо и ми го даде тогашниот директор на Милан на телефон. Тој ми рече дека Анчелоти веќе две години ме сака во Милан. Мојата прва реакција беше: „Дали сте сигурни? Имам речиси 33 години, го знаете ли тоа?“.
А тие беа сигурни: “Да, да. Ќе ти понудиме двегодишен договор“. Не можев да одбијам. На крајот добро поминав, две години станаа пет и освоив „скудето“, СП за клубови, Суперкуп, играв две финалиња во ЛШ, освоив едно…“.

Кафу се потсети и на финалето против Ливерпул во Истанбул кога прокоцкаа водство од 3:0 и останаа без титулата.
Не сакам повторно да размислувам за тоа. Тоа беше чудно, атипично финале. Милан таа сезона во ниту еден меч не прими три гола. А на тој меч примивме три за шест минути. Не знам што се случи, тотално се распаднавме. Можеби по првото полувреме се чувствувавме опуштени поради водството од три разлика. По 3:3 ја изгубивме вербата во себе. Но му честитам на Ливерпул, направија неверојатен подвиг“, рече Бразилецот.

 

ПретходноВардар 1961 им порача на битолчани: За титулата треба повеќе (ФОТО)
СледноОд Битола тврдат дека биле физички нападнати нивните навивачи