Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике се подготвува за специјална пресметка со Барселона. Двата тима ќе играат меѓу себе во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а првата средба ќе одигра во среда навечер во Париз. Шпанецот ќе се соочи со клубот со кој како тренер и играч освои вкупно 16 трофеи. Тој дури изјави дека засега го надминува Чави по степенот до кој ги отелотворува идеите на Барса во својата работа.
„Жал ми е што ве разочарувам, но не го познавам Чави како тренер. Го познавам како соиграч и како фудбалер. Инаку го познавам клубот и сегашните играчи, но не можам да кажам дали ова е предност или не“, изјави Енрике.
Луис Енрике или Чави? Кој подобро ја отелотворува тренерската филозофија на Барса?
„Јас сум без сомнение. Внимавајте на поседот на топката, головите, пресот, освоените трофеи… Јас сум најдобар, дури и ако другите мислат поинаку“.
Дали ПСЖ е фаворит?
„Некои ќе речат дека имаме предност, а други нема. Сепак, ова не е важно. Подобро да не мислам дека сме фаворити. Дури би сакал другите да мислат дека ќе изгубиме“.