Полувреме: Пресврт на Реал против Сити, Баерн води во Лондон

67

Реал Мадрид има водство од 2:1 против Манчестер Сити во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во Мадрид гостите од Англија поведоа со голот на Бернардо Силва, но „кралевите“ го свртеја резултатот благодарение на два гола во период од 12. до 14. минута.
Прво Каманвинга со шут од далечина го матира гостинскиот голман, а потоа Родриго со луциден шут ја погоди мрежата за еуфорија на „Бернабеу“.
Во Лондон, тимот на Баерн има предност од 1:2. И тука со пресврт. Во 12 минута Сака го отвори резултатот, па следуваше изедначување во 18 минута преку Гнабри. Во 32 минута Салиба прави прекршок во сопствениот шеснаесетник, а судијата покажа пенал. Од белата точка сигурен Хари Кејн.

 

ПретходноАлкалоид лесно во скопската пресметка со Пролет
СледноШтип УГД ја доби драматичната „мајсторка“ и закажа финале со Струмица