Тиквеш и Брера со заедничко соопштение по повод инцидентот во Кавадарци!

955

Познато е дека по завршување на средбата во Кавадарци меѓу Тиквеш и Брера, дојде до инцидент во кој учествуваа двајца играчи од двете екипи. Следуваше интервенција на полицијата, а по тој повод со заедничко соопштение на јавноста и се обратија и двата клуба, Тиквеш и Брера, кое ви го пренесуваме во целост:

ГФК “ТИКВЕШ 1930”АД-Кавадарци и ФК “АП Брера”-Струмица со заедничко соопштение ја информираат јавноста после информациите за инцидентот помегу два фудбалери по натрпеварот од 26 коло од Првата Македонска фудбалска лига.

,,За жал вистина е дека после завршен натпревар, пред клубскиот автобус на Брера-Струмица дојде до непријатна сцена, по која двајцата фудбалери даваа изјава во полиција за случајот.

Како два фудбалски клубови кои негуваат дологодишно пријателство и соработка но и како градови Кавадарци и Струмица, осудуваме било какво недолично однесување, независно дали е вербално или физичко, посебно кога доаѓа од играчи фудбалери кои мора да бидат пример на младите и сите навивачи.

Ние како учесници во најмасовниот и најгледаниот спорт, ја имаме таа привилегија но и голема одговорност кон младите за нивното формирање и разбирање на спротот и тоа мора да го разберат сите кои се дел од фудбалот во Македонија.

За жал, во денешното општество каде вербалното и физичкото насилство понекогаш го превзема приматот, сакаме преку оваа заедничко соопштение да испратиме порака за заедништво, одговорност и да се радуваме на нови спротски настани во Кавадарци и Струмица“.

ПретходноКузмановски: Полни со самодоверба одиме на мегдан со Вардар!
СледноВештачката интелегенција ги предвиде сите прваци во ЛШ до 2103 година! Еден пехар оди во Загреб, а шампион ќе биде и Брентфорд?! (ФОТО)