Ѓоковиќ: Прашање на недели е кога Синер ќе биде прв на АТП листата

538

Светскиот тенисер бр. 1, Новак Ѓоковиќ верува дека Јаник Синер наскоро ќе биде на врвот на ATП листата.

„Кога тој ќе стане прв рекет е прашање на неколку недели. Пласманот не е моја цел, не планирам да играм многу турнири за да освојам бодови. За мене главно е да го покажам најдоброто од себе во периодот од Ролан Гарос до УС Опен, вклучително и на Вимблдон и Олимпијадата. Без сомнение, Синер е убедливо најдобриот играч во светот во моментов. Во 2024 година загуби само еден натпревар и се подобри неверојатно во сите аспекти. Претходно имаше моќни удари, играше одлично и од форхенд и од бекхенд. Но, во одреден момент – зборувам за последните шест месеци – тој почна да игра попрецизно, да си дава повеќе простор, да прави помалку грешки. Тој почна да победува и оттогаш не престана“, вели Ѓоковиќ.

ПретходноАко вечерва загуби во Лондон, Тухел веднаш добива отказ, а се знае и неговата замена
СледноВардар денеска ја официјализира соработката со новиот спонзор