Доколку Баерн Минхен вечерва загуби од Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Томас Тухел веднаш ќе добие отказ, пишува германскиот весник „Абденцајтунг“.
Ако се случи уште една бламажа по онаа во домашното првенство и поразот од Хајденхајм (3:2), Тухел нема да го дочека утрешниот ден како тренер на баварскиот гигант.
Баерн сезонава не успеа да дојде до финалето во Купот, титулата во Бундеслигата е веќе загубена, па за раководството остана само да се надева на Лигата на шампионите.
Во четвртфиналето баварците за противник го имаат Арсенал и доколку загубат Тухел веднаш ќе ја напушти клупата. Очигледно клубот веќе подготвил замена. Во случај на смена, искусниот стручњак ќе го наследи легендарниот германски напаѓач Мирослав Клосе, кој ќе биде назначен за привремен тренер на тимот.