Алкалоид лесно во скопската пресметка со Пролет

149

Екипата на Алкалоид по убедливиот пораз од Еурофарм Пелистер во претходното коло, вечерва впиша победа над Тинекс Пролет со 28-23. Избраниците на Кире Лазаров имаа бавен старт и гостите во првите дваесеттина минути го контролираа резулаттот, а потоа домашните да ја зацврстат одбраната и да стигнат до победата.
Домаќините цели десет минути не примија гол, а тоа беше доволно за да се направи пресврт и да се отиде на одмор со 15-11.
Во вториот дел вицешампионот беше подобар, ги контролираше случувањата на теренот, а и резулатот. Пролет стигна до четири гола негатива, но тоа беше се што направија.
Дамјан Митев беше прв стрелец кај Алкалоид со пет гола. Гостинскиот капитен Ласко Андоновски реализираше девет гола.

ПретходноОд Битола тврдат дека биле физички нападнати нивните навивачи
СледноПолувреме: Пресврт на Реал против Сити, Баерн води во Лондон