Неверојатен меч зачинет со шест голови одиграа Реал Мадрид и Манчестер Сити во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. На „Бернабеу“ возбудувања, пресврти, голови, шанси…
Во Мадрид гостите од Англија поведоа со голот на Бернардо Силва, но „кралевите“ го свртеја резултатот благодарение на два гола во период од 12. до 14. минута.
Прво Каманвинга со шут од далечина го матира гостинскиот голман, а потоа Родриго со луциден шут ја погоди мрежата за еуфорија на „Бернабеу“.
Во второто полувреме, поточно во 66 минута Фил Фоден успеа да го најде патот до мрежата на Лунин за 2:2. Следуваше прекрасен гол на Јошко Гвардиол. Хрватот „распали“ од далечина, а Лунин се истегна колку што е долг но не можеше да ја спречи топката да заврши во мрежата (2:3).
Најтрофејниот во Европа се врати. Во 79 минута Винисиус нафрла, а Федерико Валверде со волеј ја тресе мрежата на Сити.
На крајот 3:3. Реваншот е на „Етихад“ во Манчестер.