РК Вардар 1961 денеска на прес-конференција го откри својот нов спонзор, а се работи за германската компанија за ракометна опрема „Кемпа“.
На прес-конференцијата извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски, како и директорот на компанијата „Кемпа“ ја потврдија соработката.
„Чест ми е што успеавме да споиме два бренда во една соработка. Соработката со „Кемпа“ носи многу бенефити за Вардар и македонскиот спорт. Се работи за тригодишен договор. Ова е пријателски спонзорски договор кој треба да биде на долги патеки. Во прв момент носи соработка која ќе биде додадена вредност на нашиот клуб, а носи и преговори со други германски компании и спонзори“, истакна на Борко Ристовски.