Вардар 1961 им порача на битолчани: За титулата треба повеќе (ФОТО)

1738

Големото дерби ги оправда сите очекувања. Во СЦ „Јане Сандански“ беше како некогаш, кога играше европски Вардар, трибините беа речиси полни, а се навиваше 60 минути, на крајот стигна и наградата за фановите. Избраниците на Владо Недановски одиграа шампионски против актуелниот македонски првак, кој до денеска беше непоразен.
Овој натпревар беше еден вид порака до Пелистер, за титулата и рано славје треба многу повеќе од оние последни десет минути во кои искусните ракометари на гостинскиот првак правеа почетнички грешки, влегоа во вардаровата машин – целосно се изгубија во „вулканот“.
Сепак титулата се уште е да дофат за ракометарите на Пелистер, единствена нагазна мина засега е само ГРК Охрид, со победа ќе можат да го слават вториот пехар.
На другата страна вардарци покажаа сила, карактер, испратија порака дека Вардар никогаш не пресушува, напротив, тој е најопсен кога најмалку се очекува.

ПретходноПелистер остана со празни раце, Вардар не дозволи шампионско славје во Скопје (ФОТО)
СледноКафу: Требаше да одам во Јапонија, а завршив во Милан