Голеада на мечот Арсенал и Баерн, но одлуката за полуфиналистот ќе падне во Минхен

459

Убав меч со четири голови одиграа Арсенал и Баерн Минхен во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. „Топчиите“ кои се борат за титулата во Англија имаат шанса да направат нешто и во ЛШ оваа сезона, па тргнаа на победа против поранешниот европски шампион. Сепак, на крајот 2:2, па патникот во полуфиналето ќе се одлучува во Минхен.
Во 12 минута го отворија резултатот преку Сака. Но Баерн направи пресврт. Следуваше изедначување во 18 минута преку Гнабри. Во 32 минута Салиба прави прекршок во сопствениот шеснаесетник, а судијата покажа пенал. Од белата точка сигурен Хари Кејн.
Во 51 минута се обиде Деклан Рајс, но топката отиде преку голот. Следуваа шанси на Гнабри и Кејн кои не завршија во мрежата. Во 76 минута Габриел Жесус му ја намести топката на Леонардо Тросар кој шутира во долниот агол на немоќниот Ноер на голот на Баерн.
Во 90 минута Баерн пропушти голема шанса, Коман место голот ја погоди левата статива.
Во петминутното продолжение не се случи ништо па натпреварот заврши без победник.

ПретходноЛуис Енрике: „Го претставувам стилот на Барса подобро од Чави“
СледноАтомски фудбал во Мадрид – ревија на убави голови и реми меѓу Реал и Сити