Готово е. Така барем велат влијателните медиуми на Островот. Португалецот и сегашен стратег на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим по крајот на оваа сезона седнува на клупата на Ливерпул и со тоа ќе го наследни Јирген Клоп. Аморим ја прифатил понудата на “Редси“ во траесе од три години, личните услови се договорени, сега останува само раководствата на Спортинг и Ливерпул ја договорат цената на отштетата која “Редси“ ќе мора ја платат на клубот од Лисабон ако се знае дека Аморим сеуште е под договор со Спортинг.
Инаку не е тајна дека Португалецот беше втор пик на клубот од „Енфилд“ за наследник на Клоп, Чаби Алонсо беше големата желба, но сепак ништо од тоа. Сегашниот стратег на “фармацевтите“ одлучи да остане во Баер Леверкузен до јуни 2025 за да потоа планот е да се пресели на “Сантијаго Бернабеу“.